ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Се урна дрон за кој се тврди дека е од Украина! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Воено летало наводно користено во конфликтот во Украина, најверојатно извидувачки дрон „Стриж Ту-141“, синоќа околу 23 часот паднало врз Загреб.

Loading...

Силна експлозија одекнала во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ на Сава, која ги вознемирила жителите на околните згради, јавуваат хрватските медиуми.

Првите информации беа дека се урнал некаков авион, а пожарникарите добиле дојава за пронајден падобран.

Неидентификуваниот објект кој паднал во Загреб би можел да биде извидувачкиот дрон Ту-141 „Стриж“, заклучил Тајлер Роговеј, експерт за воена авијација и уредник на порталот „Воена зона“.

Како што напиша, детално ги проучил фотографиите од остатоците од леталото од Загреб и заклучил дека речиси сигурно се работи за дрон, кој најверојатно пристигнал – од Украина.

 

 

Loading...

Според читателите, експлозијата се слушнала далеку, а леталото паднало на само 30 метри од павилјонот на студентскиот дом.

– Бев во собата, слушнав експлозија. Отпрвин помислив дека падна бомба. Јас бев во првиот павилјон, се ширеше огромен чад. Луѓето бегаа и врескаа. Страшно татнеше. Излеговме, се плашевме дека некој е повреден. Таква смрдеа не сум почувствувал, човек што бил во војска рече дека тоа е смрдеа на запален керозин – вели студент за Индекс кој дошол на местото на експлозијата од Студентскиот дом, кој е неколку стотина метри подалеку.

Неофицијално е потврдено дека деловите пронајдени околу студентскиот дом дефинитивно се дел од авион.

Пожарникарите извадиле голем падобран од дрво на улицата Петрине, а во околината е забележан уште еден падобран.

На лице место е измерено и нивото на радијација, но не е утврдено зголемување, пишува Јутарњи лист.

Неофицијално се дознава дека на делови од авионот биле забележани црвена ѕвезда и руска кирилица. Ова не е потврдено, пишува Јутарњи лист, но за тоа се зборувало во текот на истрагата.

Полицијата извести и за инцидентот на Јарун:

– Полициската управа на Загреб вечерва (10.03.2022 година) по 23 часот доби повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која и претходел пад на објект од воздух. Полициски патроли на местото на пријавата и на зелената површина на адреса Јарунска бб пронашле кратер, додека на поширокото подрачје пронашле два падобрани за што и претходно добивме пријави од граѓани. Полициски службеници обезбедија потесна и поширока зона на местото на настанот каде што се води увидот, со учество на сите надлежни служби. Полицијата засега нема пријави за повредени лица на поширокото подрачје на местото на настанот. Оштетени се неколку паркирани возила. Исто така, на терен полициски екипи се специјализирани за постапување и реагирање на ваков тип на настани и во овој момент нема причина граѓаните да бидат вознемирени. Ги повикуваме медиумите одговорно да известуваат во јавноста и да презентираат проверени информации добиени од надлежните служби, со цел да се спречи ширење на дезинформации. Апелираме до граѓаните да не споделуваат видеа/фотографии од местото на настанот преку социјалните мрежи. Доколку се најдете во зоната на полициско дејствување, ве молиме следете ги упатствата на полициските службеници. Полицијата континуирано ќе објавува информации кои се фактички потврдени – пишува во соопштението на полицијата.

Loading...