Сејшели прогласи вонредна состојба по експлозија во складиште за експлозиви и поплави предизвикани од обилните дождови.
Loading...
Експлозијата предизвика „огромна штета“ на индустрискиот имот Провиденс и околните области на главниот остров Махе во архипелагот во Индискиот Океан, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на претседателството во четвртокот.
Прелиминарните информации покажуваат дека во инцидентот се повредени околу 100 лица.
Причината за експлозијата се уште не е јасна.
Large explosion at CCCL explosives store in Providence, Seychelles (Video: Seychelles Nation) pic.twitter.com/SkVYABvyjh
— News Now 24🌐 (@GlobalNewsNow24) December 7, 2023