Најмалку 31 лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во ресторан во северозападна Кина.
Експлозијата се случила околу 20:40 часот по локално време во средата во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот на бродот змеј.
Една жена за локалните медиуми изјавила дека била на околу 50 метри од ресторанот кога слушнала силен звук.
Таа рече дека од ресторанот почнал да излегува чад, додека во воздухот се чувствува силен мирис на готвење.
Таа додаде дека од зградата по експлозијата истрчале двајца келнери и дека еден веднаш се урнал.
На неколку лица им била укажана помош поради изгореници и исекотини од скршено стакло.
Несреќата е под истрага.
Кинескиот претседател Си Џинпинг бара повредените да добијат сеопфатен третман и да се изврши безбедносна проверка.