Експлозија во ресторан во Кина, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а друго е повредено денеска во експлозија во ресторан во источната кинеска провинција Џиангсу, соопштија локалните власти.

Loading...

Според официјални лица на градот Јенченг, плинска боца експлодирала во ресторан во кој се прави скара, пренесува Ројтерс.

Полицијата го приведе сопственикот на ресторанот, а истрагата е во тек.

Експлозијата повторно ја разгоре загриженоста на јавноста за безбедноста на плинските боци, по серијата слични несреќи минатиот месец.

Во јуни, во експлозија на гас во ресторан во автономниот регион Нингсија загинаа 31 лице, една од најсмртоносните експлозии во последниве години, откако кинескиот претседател Кси Џинпинг им нареди на официјалните лица да се справат со безбедносните ризици низ целата земја.

Неполна недела подоцна имало уште две експлозии во ресторани, јавува Танјуг.