Експлозија во продавница во Романија, 12 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија и пожар во продавница во Романија во петокот наутро, соопшти службите за итни случаи.

Loading...

Експлозијата се случила во продавницата Дедеман во Ботошани.

Според романските медиуми, повредени се 12 лица, од кои едно е во тешка состојба.

Таа со хеликоптер е префрлена во болницата во Јаши.

Пожарот е локализиран, а во тек е потрага по потенцијални жртви кои можеби останале во продавницата, додаваат медиумите.