Експлозија во Полска по пад на неидентификуван предмет: Оштетени куќи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неидентификуван предмет паднал преку ноќ во поле со пченка во близина на градот Осина во Полска и експлодирал, а полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци.

Loading...

Во инцидентот нема повредени, а прозорците на три блиски куќи биле скршени во експлозијата, пренесува ПАП.

„На полето со пченка пронајдовме изгорени парчиња со различна големина расфрлани во радиус од неколку десетици метри. Станува збор за изгорени метални и пластични фрагменти“, објави полската полиција.

Во соопштението се додава дека надлежните служби се обидуваат да утврдат за каков вид неидентификуван предмет станува збор, се вели во агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Јавно погубен маж осуден за убиство на четири члена од исто семејство