Експлозија во Полска, оштетена железница. Туск: Станува збор за саботажа

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск денес објави дека причината за експлозијата во која железницата меѓу Варшава и Лублин беше тешко оштетена е саботажа.

„Железницата е уништена од експлозивна направа. Службите за итни случаи и обвинителството работат и се упатија на местото на настанот. Штетата е утврдена и поблиску до Лублин на истата рута“, напиша Туск на социјалната мрежа X.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска попушта: Отворени се два гранични премина со Белорусија

Локалната полиција вчера објави дека машиновозач пријавил штета на железничка линија во централна Полска.

Варшава претходно изјави дека нејзината улога како центар за помош на Украина во руската војна ја направила цел на саботажа. Москва постојано го негираше ова.