Експлозија во најголемиот затвор во Мјанмар: Осум лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица загинаа, а 13 се повредени во експлозии во најголемиот затвор во Мјанмар, објавија медиумите во средата.

Loading...

Тројца вработени и пет посетители загинаа во затворот Инсеину од колонијалната ера во Јангон, откако две експлозии одекнаа во близина на шалтерот за пакети, објави независниот информативен портал Myanmar Now.

Не е познато што ги предизвикало експлозиите.

Набрзо пристигнала и полицијата која врши увид на местото на експлозиите, јавуваат медиумите.

Затворскиот персонал и доставувачите кои беа тешко ранети се евакуирани од затворот, јави Би-Би-Си.

Некои случаи што требаше да се сослушаат во блискиот суд беа одложени по експлозиите, објавија медиумите.

Инсеин е најстрогиот затвор во земјата, а по минатогодишниот воен удар таму беа испратени илјадници затвореници.