Зграда во која се наоѓа менза во градот Чонгкинг во југозападна Кина се урна по експлозија за која постои сомневање дека е предизвикана од истекување на гас.
Loading...
Во несреќата загинаа најмалку 16 лица, а 26 се однесени од местото на несреќата, објави државната телевизија ЦТВ.
Едно лице е во критична состојба, а другите повредени се хоспитализирани, јавува Ројтерс.
Министерството за вонредни ситуации испрати тим од повеќе од 600 луѓе на местото на настанот во Чонгкинг во округот Волонг, објавија кинеските медиуми.