Експлозија во фабрика за рециклирање Оксфордшир по удар на гром (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Удар на гром предизвика огромна експлозија во фабрика за рециклирање храна во Оксфордшир.

Loading...

Сведоците изјавија дека виделе огромна огнена топка како го осветлува небото по експлозијата во електраната Северн Трент Грин во Касингтон, северно од Оксфорд.

Жителите пријавија прекини на струја во Витни, Барфорд, Чипинг Нортон и Милтон под Вичвуд.

Компанијата соопшти дека еден од нејзините резервоари за биогас експлодирал од удар на гром, пренесува Би-Би-Си.

Во соопштението се вели дека нема повредени и дека персоналот на фабриката работи со службите за итни случаи за да го обезбеди местото.

Северн Трент Грин Пауер го обработува отпадот од храна и го претвора во биогас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армиски офицери и полицаец уапсени во Бразил за обид за убиство на претседателот

 

Loading...