Експлозија во фабрика за петарди во Индија: 6 загинати

Сподели со своите пријатели

Во експлозија во фабрика за петарди во индиската држава Химачал Прадеш рано утринава загинаа шест жени, а 13 се повредени, соопшти полицијата.

Loading...

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во северна Индија, а истрагата е во тек, јавува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека истражува дали фабриката имала работна дозвола.