Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликешир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу.
Loading...
Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата.
Тој изјави дека е исклучена можноста за саботажа и дека дел од фабриката е урнат, јави Анадолија.
Устаоглу рече дека во фабриката веднаш биле испратени екипи за итна помош и противпожарна заштита.
Експлозијата се случила во делот на фабриката за производство на капсули од непозната причина.