Двајца полицајци се повредени по силна експлозија што се случи во четвртокот вечерта пред зградата на полицијата во северниот дел на Берлин, соопшти денеска берлинската полиција.
„Околу 20 часот и 20 минути во близина на нашата полициска станица 12 во Витенау се случи сериозен безбедносен инцидент во кој при рутинска безбедносна патрола беа повредени колегите, а еден од нив се здоби со тешки повреди“, се вели во соопштението на полицијата на платформата Х.
Според прелиминарната истрага, непознат предмет експлодирал, при што на еден полицаец му биле нанесени сериозни повреди на лицето и окото, додека друг полицаец се здобил со траума.
И двајцата во моментов се на лекување, се вели во соопштението.
Полицијата покрена истрага за да утврди што точно експлодирало и дали се работи за намерен напад.