Експлозија на плинска боца во Куманово

Сподели со своите пријатели

Припадниците на територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на пожар кој озбувнал како резултат на експлозија од плинска боца, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Четворица пожарникари со едно противпожарно возило излегле на терен во 17:05, а веќе 20 минути подоцна успеале да го локализираат огнот.

Засега нема познати информации за висината на настанатата материјална штета или причината која довела до експлозија.

 

Loading...