Експлозија на концертот на Аријана Гранде: 19 мртви и педесетина повредени (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 лица страдаа, а 50 се повредени на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, соопшти полицијата. Очевидците велат дека одекнале две детонации кај арената во која е одржан концертот, како и дека се слушнало нешто што наликувало на пукање.

Итните служби и полицијата се натере, градот го надлетува хеликоптер, а инцидетот се третира како можен терористички напад.

 

Loading...

 

Постетителите на концертот во паника ја напуштале арената во Манчестер, иако се уште нема официјални информации за потеклото на двете детонации кои се слушнале од салата, јавуваат британски медиуми.

Пред арената се наоѓаат и специјалните единици за деактивирање бомби и кучиња трагачи. Полицијата ги предупредува жителите на Манчестер да не се приближуваат до арената.

Северозападната противтерористичка единица соопштува дека настанот се третира како потенцијален терорситички напад.

 

 

Џејд Бејнс (18) која присуствувала на концертот раскажува дека полицајците рекле да избега од областа околу арената. На репортерот на „Гардијан“ му раскажала дека слушнала силни детонации и нешто што личело на пукање, непосредно пред завршување на концертот.

Роберт Темпкин (22) за ВВС рекол дека сите врескале и бегале, оставајќи ги и јакните и мобилните телефони на земјата.

Некои викаа дека гледаат крв, други дека се избушени балони, имаше многу возила на итната помош – рекол Роберт.

Портпаролот на Аријана Гранде потврдил дека таа е добро, јавува „Скај њуз“.

На концертот присуствувале околу 20.000 луѓе, претежно млади. „Манчестер арената“ е најголема арена во Европа со капацитет од 21.000 луѓе. Тоа е популарно место за одржување концерти и спортски настани, а отворена е во 1995 година.

https://youtu.be/t5qPtKwXu0U

 

Loading...