Експлозија го потресе центарот на Баку: Седум лица се повредени

Сподели со своите пријатели

Утрово околу 9:00 часот по локално време се случи експлозија во деловен центар во Баку, во која се повредени седум лица, соопшти Министерството за внатрешни работи на Азербејџан.

Од Клиничкиот болнички центар во Баку е објавено дека пет повредени лица се хоспитализирани со тешки и умерено тешки повреди што ги здобиле во експлозијата, јавува азербејџанската агенција АПА.

Меѓу повредените кои се на болничко лекување, на еден маж им се дијагностицирани изгореници, додека друг маж и три жени се згрижени со повеќекратни повреди на различни делови од телото.

Експлозијата се случила во една од канцелариите во деловниот центар во бакунскиот округ Нариманов, а местото на настанот го обезбедуваат полициски службеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три самоубиствени напади во Пакистан