Експлозии во Москва: Русија тврди дека е нападната од Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во раните утрински часови дронови оштетија станбени згради во југозападниот дел на Москва. Исто така, еден дрон удрил во куќа на улицата Атласова.

Според градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин, две лица побарале лекарска помош, но не им била потребна хоспитализација. Жителите се привремено евакуирани.

На социјалните мрежи беа објавени видеа од нападот, како и од зградите кои беа оштетени за време на бомбардирањето.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејството Асад e во „златен кафез“: Башар сака да ја раскаже својата страна од приказната, но Русија не му дозволува

Московскиот гувернер Андреј Воробјов изјави дека сѐ уште не се знае кој ги лансирал беспилотните летала и кој ги контролирал, пишува Јутарњи лист.

Московските власти објавија дека противвоздушната одбрана успеала да собори најмалку 10 беспилотни летала кои летале над градот, со видливи оштетувања на неколку станбени згради.

Се вели дека службите за итни случаи моментално се на местото на најмалку еден пожар, иако сè уште нема информации за повредени.

Франс прес пишува дека Москва ретко била цел на дронови, но дека други градови често биле мета на такви напади.

Неколку руски Телеграм канали потврдија дека меѓу четири и 10 беспилотни летала биле истрелани рано во четвртокот додека се движеле кон Москва и областа околу градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа е подготвена да ги предводи „мултинационалните сили“ во Украина

 

 

„Ова е тероризам, Киев нѐ нападна!“

Украинските безбедносни сили употребиле осум беспилотни летала за напад на Москва и сите дронови биле погодени, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во нападот учествуваа осум дронови. Сите непријателски беспилотни летала беа погодени“, се вели во соопштението.

Инцидентот беше наречен „терористички напад“.