Експлозии одекнуваат во Киев: На патиштата колони возила (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Киев денеска се слушнале неколку последователни експлозии, а се огласила и сирена за воздушен напад, јавува репортерот на Ројтерс.

Точното потекло на експлозијата не можеше веднаш да се утврди, наведува британската агенција.

 

 

Претходно во украинскиот црноморски пристанишен град Николаев се слушнаа сирени за воздушен напад, откако украинските власти објавија дека околу градот се водат борби со руски сили.

Украинските власти претходно денеска изјавија дека рускиот напредок кон градот е запрен, откако регионалниот гувернер Виталиј Ким објави дека руски војници влегуваат во градот, пренесе Ројтерс.