„Непријателите се обидуваат да се сокријат во индустриската зона и во утврдените позиции во цивилните куќи. Нашите специјалци ги открија и уништија“, се вели во описот на снимката за која Украинците тврдат дека е направена во руската област Курск.
Видеото го објавија украинските специјалци на нивниот канал Телеграм.
Видеото на својот Твитер профил го сподели и Роб Ли, аналитичар во Американскиот институт за надворешна политика.
На видеото се гледаат украинските сили во воената зона, со препознатлив бел триаголник на нивните возила.
Војна има по полињата, во разни напуштени згради, во акција се и дронови, во позадина одекнуваат силни експлозии, постојано се слушаат пукотници…
Пред речиси две недели Украина ја шокираше Русија, но и остатокот од светот, со инвазијата на рускиот регион Курск.
Долго време молчеа за тоа во Киев, а во неделата вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски ги откри причините за инвазијата на рускиот регион…
Зеленски потврди дека причината за упадот во руската област Курск е создавање тампон зона за да се спречат прекугранични напади на руските сили.
Украинските сили во неделата уништија уште еден мост во пограничниот регион…
Владимир Путин вети „достоен одговор“ на украинските акции, но од 6 август, кога Украинците ја пробија руската одбрана, нема „посилна“ реакција од Кремљ…
Video of Ukrainian SSO assaulting buildings and bunkers in Kursk oblast. https://t.co/Z23sYxElIx pic.twitter.com/e8W1W7FZtX
— Rob Lee (@RALee85) August 19, 2024