По очигледното совршено полетување во областа Камерон во Тексас, ракетата ја достигна својата максимална висина кога почнала да јавува проблеми во воздухот.
Моторите во ракетата биле исклучени и таа почнала да се спушта со клунот кон земјата.
Завршила во пламен
Еден од потиснувачите сепак не успеал да се активира и ракетата „Старшип СН9“ завршила во пламен околу шест и пол минути по полетувањето.
Ракетата ја погодила земјата исто како прототипот на неговиот претходник СН8 во декември.
Прототипот „Старшип“ претходно достигна висина од 12,5 километри.
Целта на експериментите е да се тестираат индивидуалните елементи на новата ракета.
Аеродинамичка контрола
Според лидерот на SpaceX, Илон Маск, Starship еден ден ќе превезува товар и луѓе на Месечината и на Марс.
Маск сака да го направи „Starship“ целосно обновлив. Маневрирањето во средина на летот и нуркањето под „активна аеродинамичка контрола“ се клучни за слетување таму каде што нема лансирни подлоги, како што е Марс, тврди „Спејс Икс“.