Мајка на две деца Викторија Трис (30) од САД тврди дека и е забрането да волонтира во училиштето на нејзините деца, само затоа што има профил на OnlyFans.
View this post on Instagram
Таа се закани дека ќе го тужи училиштето во кое одат нејзините деца од пет до десетгодишна возраст, тврдејќи дека се чувствува лошо што ја „осудуваат“ и „избегнуваат“ откако ѝ било забрането да волонтира во училиштето.
View this post on Instagram
Сè се случило кога родителите на другите деца ги откриле фотографиите на Викторија на OnlyFans и се пожалиле, но Викторија се бранела дека не прави ништо незаконско на страницата, каде што луѓето плаќаат за да имаат пристап до нејзините експлицитни фотографии и снимки.
View this post on Instagram
„Никој нема право да суди друг врз основа на она што таа личност го прави во приватниот живот. Ако јас не повредувам никого и не влијаам на никого, тогаш само прашање на избор е дали некој ќе направи нешто што е целосно легално“, изјавил адвокатот на Викторија.
View this post on Instagram
Последните пет години од животот Викторија ги посветила на волонтерството на училиште и вели дека е очајна што повеќе не ѝ дозволуваат да биде во близина на деца.
View this post on Instagram
Што мислите, дали оваа жена заслужила да биде исфрлена од училиште или тоа што го работиме приватно треба да остане приватност?
View this post on Instagram