Експерт за човекови права на ОН: САД треба да им се извинат на затворениците од Гвантанамо

Сподели со своите пријатели

Експертот за човекови права на Обединетите нации, Фионуала Ни Аолаин, рече дека според критериумите на меѓународното право, американската влада постапувала со затворениците во Гвантанамо на суров, нехуман и понижувачки начин.

Loading...

Таа го повика официјален Вашингтон да се извини за нечовечкиот однос и да ги обештети повредените.

„По две децении поминати во притвор, страдањето на оние кои останаа во Гвантанамо е длабоко и продолжува“, рече Аолаин во разговор со новинарите по посетата на експерти на ОН на затворот во Гвантанамо, Куба, пренесува Ројтерс.

Таа порача дека американската влада мора итно да даде правна разрешница, извинување и гаранција дека вакво нешто нема да се повтори.

Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Затвор основан по 11 септември

Затворот е основан во 2002 година од тогашниот американски претседател Џорџ Буш за да бидат сместени осомничените по нападите на Соединетите Американски Држави на 11 септември.

На својот врв, броеше околу 800 затвореници, пред бројот да почне да се намалува.

Претседателот Џо Бајден изјави дека сака да го затвори објектот, но допрва треба да претстави план како да го стори тоа, додека во затворот има уште триесетина затвореници.

Loading...