Експертот за ветеринарство во Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек денеска изјави дека би отишол на пазарот за храна во кинескиот град Вухан, за повторно да ги испита првите случаи на Ковид-19 што се појавија таму.
Ембарек на прес-конференција рече дека би сакал да ги преиспита првите случаи на Ковид-19 и да најде соговорници преку кои може да добие „значајни информации“ за
– Ништо не укажува на тоа дека вирусот го создал човек. Треба да ги реконструираме настаните од пред декември 2019 година, бидејќи не знаеме што навистина се случило, истакна Ембарек.
Истрагата треба да утврди што се „влегло и излегло од пазарот во тој период“, како и од каде стоката пристигнала на пазарот во Вухан.
Јасмина Тасевска