Експеримент на кинеските научници: Вака изгледа хибрид од свиња и мајмун (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кинеските научници го создадоа првиот хибрид на свиња и мајмун, а таканаречената химера (соединение на повеќе животни) почина неколку недели по раѓањето.

Loading...

Целта на истражувањето кое се коси со здравиот разум е да се одгледуваат човечки органи за трансплантација во иднина.

Научниците од државната лабораторија за матични клетки во Пекинг и лабораторијата за репродуктивна биологија велат дека им биле потребни над 4.000 ембриони за да создадат ембрион што имал ДНК од свиња и макаки мајмун.

Иако младенчето изгледало како нормална свиња, тој имал генетскиот материјал на мајмуните во црниот дроб, срцето, белите дробови, кожата, слезината…

„Ова е прв пат во светот да имаме комплетна химера направена од свиња и мајмун“, изјави д-р Тан Хај за списанието New Scientist.

Тој објасни дека пет дена стари ембриони на свињи биле вбризгувани со матични клетки на мајмуни, чијашто ДНК била променета за да се добие флоростентен протеин, за да се лоцираат.

Тој не сакаше да шпекулира зошто умреле два хибриди на свињи и мајмуни, изјавувајќи дека угинале уште осум „обични“ свињи кои биле дел од програмата.

Се верува дека проблемот се појавил во текот на процесот на екстракорпорално оплодување, не заради мешање на ДНК на различни животински видови.

Loading...

Мешањето на животински видови предизвика многу полемики во јавноста, а етичката валидност на ваквите практики го поставува прашањето: „Преплашен сум од манипулирање со животните функции без целосно да разберам како функционира сè“, вели неврохирургот Даглас Меноз од универзитетот Кингстон во Кингстон, Канада.

Кина исто така во јуни годинава објави дека ќе оди чекор подалеку, т.е. дека тие ќе создадат мајмуни одлики на човечки мозок за да ги испитаат болести како што е Алцхајмеровата болест.

Leave a Reply