Експеримент: 1.500 луѓе на концерт на затворено, се чекаат резултатите за Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Уште откако беа откажани сите концерти и слични културни настани поради пандемијата на коронавирусот, освен тоа што индустријата е во голема неволја, љубителите на музиката низ целиот свет сонуваат за денот кога ќе можат повторно да уживаат во настапите во живо.

Loading...

Сепак, со оглед на растот на бројот на заразени во повеќето европски земји, се чини дека живите свирки сè уште ќе треба да чекаат.

Така германските научници решија да спроведат експеримент и да им дозволат на волонтери во Лајпциг еден ден да уживаат во концерт со мала помош од средства за дезинфекција и електронски уреди за следење.

Тие симулираа затворен концерт за 1.500 луѓе во саботата за подобро да разберат како се шири коронавирусот, а со тоа и како да се запре, пишува CNN.

По пристигнувањето на концертот, посетителите добиле заштитни маски FFP2, флуоресцентни гелови за дезинфекција и електронски уреди за следење, кои им овозможуваат точно да го утврдат растојанието или контакт со поединци.

Научниците од Универзитетот во Хале ќе ги следат податоците за близок контакт на секој учесник во експериментот додека флуоресцентниот гел ќе им покаже колку често ги допираат површините околу нив.

Тие се надеваат дека ќе најдат безбеден начин за одржување поголеми настани, вклучително и спортски настани.

Професорот Мајкл Гекл рече дека со експериментот сакаат да ги подготват надлежните за одржување настани во текот на есента и зимата.

Loading...

„Не можеме да си дозволиме уште едно заклучување. Треба да собереме податоци за да можеме да ја предвидиме ситуацијата. Нема живот без ризик. Но, ние сакаме да им понудиме на политичарите алатка за да донесат рационални пресуди за одржување концерти и слични настани“, рече Гекле.

Резултатите треба да бидат готови до крајот на годината.

Истражувањето забележува дека при донесување на одлуки треба да се земат предвид видот на концертот, однесувањето на публиката на одреден концерт, како и можноста за сервирање алкохол. Сите учесници биле тестирани 48 часа пред експериментот.

Некои од посетителите на концертот изјавиле за Си-Ен-Ен дека одлично си поминале, но дека „било чудно“.

„На почетокот ми беше многу чудно и погрешно да гледам луѓе блиски едни до други. Мислев дека ова е сон, но брзо се опуштив. Не можев да верувам дека повторно имавме вистински концерт”, рекла една 26-годишна девојка.

Leave a Reply