Ексхумирани цивили од импровизирани гробници во близина на Киев

Сподели со своите пријатели

Украинските истражители ископале седум тела од импровизирани гробници во шума во близина на Киев, а украинската полиција тврди дека станува збор за цивили кои биле убиени од руските сили за време на окупацијата на таа област, што Москва негира.

Loading...

Телата се пронајдени во близина на селото Ворзел, на околу 10 километри од градот Буча, каде, како што тврди Киев, руските сили кои ја окупирале областа извршиле систематски егзекуции во неуспешен обид да го заземат главниот град, пренесува Танјуг.

„Ова е уште едно садистичко злосторство на руската армија во регионот на Киев“, напиша на Фејсбук началникот на полицијата на Киевската област, Андриј Њебитов.

Едно од ексхумираните тела е тело на 40-годишен маж во цивилна облека, изјави Њебитов за новинарот на британската агенција на местото каде што се пронајдени гробовите.

„Има две повреди. Тој бил застрелан со пиштол во коленото. Вториот истрел бил во слепоочницата“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар, но подоцна го отфрлија постоењето на масовни гробници во Буча.

Русија тврди дека цивилите не се цел на нејзината специјална воена операција во Украина.