Јапонската економија порасна за 0,4 отсто во првиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал, објави денеска Кабинетот на Владата на Јапонија врз основа на прелиминарните податоци.
Растот ги надмина очекувањата на пазарот од 0,1 отсто.
Во првиот квартал е забележан значителен раст на приватната потрошувачка – од 0,6 отсто, како и на деловните инвестиции, за 0,9 отсто.
За споредба, во последниот квартал од 2022 година, приватната потрошувачка порасна за 0,2 отсто, додека деловните инвестиции паднаа за 0,7 отсто.
Во првиот квартал од 2023 година, јапонскиот увоз падна за 4,2 отсто, а извозот за 2,3 отсто во однос на претходниот квартал.
Во споредба со првиот квартал од минатата година, јапонскиот БДП порасна за 1,6 отсто, што е многу повеќе од очекуваниот раст од 0,7 отсто.
Јапонската економија порасна за 1,1 отсто минатата година, забавувајќи се во споредба со 2021 година, кога растот на БДП беше 2,1 отсто.