Економијата на Украина ќе падне за 45 отсто, Русија ја очекува рецесија

Сподели со своите пријатели

Светската банка соопшти дека очекува економијата на Украина да се намали за 45 отсто оваа година како резултат на војната.

Loading...

Исто така, предвидува дека Источна Европа и Централна Азија ќе претрпат поголема економска штета од онаа предизвикана од пандемијата Ковид-19, со невидени санкции, што ќе доведе до ненадејна рецесија во Русија, пренесува Би-Би-Си.

 

Како Русија ја заобиколува медиумската блокада?

 

Голем дел од украинската работна сила беше принуден да побегне или да се бори.

Компаниите беа затворени, додека патиштата, фабриките и другата инфраструктура беа уништени, а Светска банка вели дека долгорочниот напредок е поништен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Украина беше водечка земја кога станува збор за земјоделските култури како што се сончогледот и пченицата, но поради запирањето на извозот, глобалните цени на храната се зголемија, а Украина загуби важен извор на приход.

Loading...

 

Британија: Русите би можеле да користат фосфорни бомби во Мариупол. Можат да изгорат човек до коска

 

Светска банка предвидува дека руската економија годинава ќе се намали за повеќе од 11 отсто поради санкциите.