ЕКОЛОЗИТЕ ЗБУНЕТИ: Мистериозна смрт на 80 делфини

Сподели со своите пријатели

Бразилските еколози се обидуваат да ја најдат причината за смртта на 80 сиви делфини во Супетиб заливот во последните месец дена.

Во соопштението од Институтот „Сив делфин“ се наведува дека делфините угинале во последните 17 дена во заливот, кој се наоѓа на 70 километри од Рио де Женеиро, пишува АП.

Институто извадил тела на пет мртви делфини од заливот, но засега причината за нивната смрт останува непозната.

Резултатите на лабораториските анализи се очекуваат до крајот на јануари.