„Еко графити фест“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Преку проектот „Еко графити фест“ ќе се уредуваат ѕидовите на трите установи во училишниот двор на основните училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков.

Loading...

– Проектот е замислен како цртање на графити на голема површина, со објавен конкурс за млади уметници, да се пријават од различни култури, од сите наши градови, па и пошироко може и од околните. Ќе ги изработуваат ѕидовите кои ги поврзуваат сите три институции на овој двор, на двете училишта, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ како и Народниот театар и тука ја гледаме симболиката, да се промовираат овие активности токму преку образовните и културните установи, изјави Југослав Спасиќ, наставник.

На конкурсот се пријавиле повеќе од 20 цртачи и во тек е селекција за најдобрите графити.

Настанот ќе се одржи на 13ти април со почеток во 10 часот.

– На настанот е предвидено да има спортски активности, како уличен баскет што се поврзува со уличната уметност, настап на 2 или 3 диџеи кои ќе го направат настанот по забавен, ќе има, во соработка со Црвен крст проектите за хумани вредности, ќе има штанд или простор за донација за социјално загорзени лица, еден богат настан за Куманово кој оваа година е прогласен за град на култура, па оваа активност ни се вклопува да ја збогатиме таа програма, додаде Спасиќ.

Графитите ќе бидат со тектуален натпис во комбинација со мурали.

Loading...

Leave a Reply