Еко-активистка блокираше сообраќај: Германка ја фати за коса и ја одвлече од патот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се прошири видео од Германка како влече еко активистка од патот, која го блокираше сообраќајот.

Loading...

Поради ова, русокосата дама на интернет беше наречена „брутална русокоса“.

На видеото се гледа како русокосата им вика на демонстрантите да се тргнат од патот во Ботроп, Германија, а потоа фаќа една активистка за коса и ја влече на тротоарот.

По протестот биле приведени активисти, а полицијата од Реклингхаузен потврдила дека демонстрантот е полесно повреден, јавуваат локалните медиуми.

Се размислува дали ќе биде поведена кривична постапка против жената која го влечеше демонстрантот за коса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крвта на овој човек спаси 2,4 милиони бебиња: „Човекот со златна рака“ почина во сон

Освен русокосата, активистите од патот ги поместија и други минувачи.

 

Loading...