Еко активисти викендов ќе протестираат во над 50 земји

Сподели со своите пријатели

Активистите за заштита на животната средина планираат да одржат протести во повеќе од 50 земји во текот на викендот, барајќи од владите постепено да го прекинат согорувањето на фосилните горива што ја загреваат планетата и предизвикуваат климатски промени.

Loading...

Во услови на зголемен број на жртви и економско уништување предизвикано од разорните поплави, шумски пожари и суша, демонстрантите планираат повеќе од 500 собири во 54 земји, од Пакистан и Нигерија до САД, пишува Ројтерс.

Организаторите на протестот очекуваат повеќе од милион луѓе да присуствуваат на митинзите викендов на глобално ниво, што би можело да ја направи акцијата најголемиот меѓународен протест за климата од пред пандемијата „Ковид-19“, кога движењето предводено од шведската активистка Грета Тунберг доведе до тоа милиони луѓе околу светот се приклучат на маршевите, наведува британската агенција.

Организаторите рекоа дека ќе ги повикаат владите веднаш да ги прекинат субвенциите за нафта и гас и да ги откажат сите планови за проширување на производството.

Минатата година владите потрошиле рекордни седум трилиони долари за субвенции за нафта, гас и јаглен, покажуваат анализите на ММФ, пренесува Танјуг.

Демонстрациите доаѓаат два месеци пред овогодинешниот самит на ОН COP28 за климата, каде што повеќе од 80 земји планираат да се залагаат за глобален договор за постепено исфрлање на јагленот, нафтата и гасот.

Согорувањето на фосилните горива е главната причина за климатските промени, но земјите никогаш на климатските разговори во ОН не се согласиле постепено да ги укинуваат фосилните горива, иако ветија дека постепено ќе ја укинат енергијата од јаглен, наведува Ројтерс.