ЕК: Трамп ги информираше европските лидери за исходот од средбата со Путин

Сподели со своите пријатели

Утрово, американскиот претседател Доналд Трамп го информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите европски лидери за исходот од средбата со Владимир Путин, објави Европската комисија.

Loading...

Телефонскиот разговор на кој присуствуваа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО Марк Руте траеше „нешто повеќе од еден час“, соопшти Европската комисија.

Претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп имал долг разговор со Зеленски на враќање од Анкориџ кон Вашингтон, како и дека разговарал со европските лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски вели дека поддржува трилатерален состанок САД - Украина - Русија

Трамп не постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за време на речиси тричасовната средба во Анкориџ, Алјаска, но двајцата лидери ја оценија средбата како продуктивна.

Трамп изјави по средбата со Путин дека „нема договор додека не се постигне договор“. Путин рече дека постигнале „разбирање“ за Украина и ѝ порача на Европа да не го поткопува почетокот на напредокот, објави агенцијата АП.