ЕК: Од 26 декември дистрибуција на вакцини на членките

Сподели со своите пријатели

Според Европската комисија, ако сè оди според планот, вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу 27 до 29 декември.

Loading...

Според ЕК, дистрибуцијата на вакцини до земјите-членки треба да почне на 26 декември, а сè уште останува на националните стратегии за тоа како и кога ќе се изврши вакцинацијата.

– Се работи за координиран напор, а не договор дека сите мора да ја дадат првата вакцина во исто време. Во ЕУ има 450 милиони жители и 27 земји каде што се разликуваат условите и термините за вакцинација, рече портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

– Денот не е важен, важно е ова да го направиме координирано, сите заедно, рече Мамер.

Комисијата додава дека најавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за почетокот на вакцинацијата во ЕУ на 27 декември е условена и оти тоа ќе зависи од позитивната процена на Европската агенција за лекови, а потоа и од дозволата за пласирање на вакцината на пазарот од страна на Европската комисија.

– По процената на Европската агенција за лекови, ќе дадеме дозвола во рок од два дена, додека вообичаената процедура е меѓу 60 и 67 дена, наведува Комисијата.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply