ЕК договори со „Џонсон&Џонсон“ 200 милиони вакцини

Сподели со своите пријатели

Европската комисија одобри договор со фармацевтската компанија „Џонсон&Џонсон“, со кој им се овозможува на земјите членки да купат 200 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Loading...

Со овој договор, земјите членки имаат можност за дополнително купување вакцини за уште 200 милиони луѓе, а можат да одлучат и вакцината да им ја дадат на држави со ниски и средни приходи или да се пренасочат во други европски земји.

– Наша цел е на граѓаните на ЕУ да им овозможиме сигурни и ефикасни вакцини штом ќе бидат достапни, истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Комисијата соопшти дека вакцината на компанијата „Џонсон&Џонсон“ е во трета фаза на клинички тестирања.

ЕК веќе потпишала слични договори со „АстраЗенека“ и Сенофи-ГСК.

Габриела Точко

Leave a Reply