Египќанин уапсен затоа што појадувал со Саудијка (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Во Саудиска Арабија приведен е Египќанин откако на Твитер објавил видео снимка на која се гледа како појадува со жена во бурка, за која многумина претпоставиле дека е Саудијка.
Египќанката го уапсило саудиското Министерство за работа и социјален развој, кој го обвинил дека „направил“ повеќе прекршоци и седнал на место наменето исклучиво за Саудијците, пренесува ВВС.
Во Саудиска Арабија жената не смее на работно место и во ресторани и кафулиња да седи во друштво на маж кој не е член на нејзиното семејство, во текот на поголемиот дел од активностите мора да биде следена од маж чувар, обично татко или сопруг, или пак брат или син, додава британскиот медиумски сервис.
Арапскиот хаштаг „Египѓанин појадува со Саудијка“ на Твитер е употребен повеќе од 113.000 пати, каде снимката станала центар на култура поделба.
На снимката која трае околу 30 секунди, мажот и жената кратко се шегуваат за заедничкиот појадок, на кој никој друг не бил повикан.
Меѓутоа, сцената која предизвикала најголемо запрепастување следува на крајот на снимката, кога жената го храни мажот.
Многу Саудијци на популарната социјална мрежа биле критични и кон жената и кон мажот, при што поголемиот дел од луѓето се прашувале зошто тој е казнет, а не таа.
– Не сфаќам зошто постојано се казнуваат мажите, а не жените. Јас сум Саудијка и се колнам дека сакам да ја казнат и неа заедно со него. Насмевка, оброк на работно место, каде ви се границите?, напишала корисничка на Твитер.