Египет: Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање на трикатна зграда во јужниот дел на Египет.

Loading...

Инцидентот се случил во понеделникот под засега неразјаснети околности во провинцијата Асиут.

Спасувачите повеќе од 24 часа трагаа по луѓето затрупани во урнатините, јавуваат медиумите.

Гувернерот на провинцијата Есам Сад го посети местото на трагедијата и побара од релевантните агенции да ги координираат напорите за што побрзо да се плати отштета и да се поддржат повредените и семејствата кои останаа без покрив над главата.

„Извршена е проверка на соседните куќи за да се потврди нивната безбедност“, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се нагласува дека некои згради за кои е утврдено дека претрпеле значителна штета од уривањето на трикатницата се евакуирани како мерка на претпазливост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа врти десно, а Британија лево