Египет: Пронајдени гробници со 1.400 мумии

Сподели со своите пријатели

Археолозите открија 36 гробници со околу 1.400 мумии на падините на египетскиот град Асван.

Loading...

Остатоците датираат помеѓу 600 п.н.е. и 200-300 година од новата ера.

Археологот од миланскиот универзитет Патриша Пјачентини изјави дека територијата на која се наоѓаат гробниците се протега на 82 километри.

Според Ајман Ашмави од Врховниот совет за антиквитети, 30 до 40 отсто од мумиите припаѓаат на новороденчиња и адолесценти, пишува руската веб-страница „лента.ру“.

Во соработка со лекарите од Универзитетската болница во Асван, истражувачите спроведоа ДНК анализа, КТ скенови и рендгенски снимки на мумиите за да ја утврдат причината за нивната смрт.

Научниците заклучиле дека голем дел од загинатите починале од заразни болести, анемија или туберкулоза, која тогаш можела да уништи цело семејство, пишува рускиот сајт „rtraveler.ru“.