Тим археолози од Франција и Норвешка откриле остатоци од христијански манастир од 5 век во пустината на западот на Египет, што дополнително ќе придонесе за стекнување увид во секојдневниот живот на православните коптски монаси во тој период.
„Француско-норвешкиот тим ги откри урнатините на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Агуз во оазата Бахари. Ова се неколку згради од базалт, структура врежана во карпите и неколку згради изградени од кал”, соопшти египетското Министерство за антиквитети, а пренесува Гардијан.
„Манастирскиот комплекс се состои од шест сектори во кои биле изградени три цркви, монашки ќелии и sидови со симболи што ги носат симболите на египетските копти“, рече Осама Талат од главните оддели за исламски, коптски и еврејски антиквитети во министерството.
Според Викторија Гик, водачот на археолошкиот тим, на ѕидовите на црквата се напишани религиозни пораки и цитати од Библијата на грчки јазик, кои ја откриваат „природата на монашкиот живот во тој дел од светот и го докажуваат нивното присуство во 5 век.
Египетските власти известуваа за откривање на неколку археолошки места во последните неколку месеци, со надеж дека ќе ја подобрат туристичката понуда.