Египетските власти одлучија да го отворат граничниот премин Рафа кон Појасот Газа, но само во една насока и во период од три дена, со цел да им овозможат на блокираните Палестинци да се вратат на нивната територија.
Loading...
Повикувајќи се на извор во безбедносните структури, Ројтерс пренесува дека ќе биде овозможен трансфер на египетски производи и хуманитарна помош во појасот Газа.
Египет го затвори овој граничен премин до пред три дена, оправдувајќи го со безбедносни причини, и по ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Хамас минатата сабота.