Египет го одби предлогот на ЦИА привремено да управува со Газа по војната

Сподели со своите пријатели

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да ја преземе привремената безбедносна администрација на Појасот Газа по војната додека палестинската управа не биде подготвена да ја преземе контролата.

Loading...

Весникот „Тајмс оф Израел“ се повикува на американските медиуми.

Сиси му рекол на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја има власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти помогнаа границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за Волстрит журнал под услов анонимност.

Египетскиот претседател и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнаа во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.

За време на средбата, Сиси го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател, пренесе Танјуг.