Една мајка неодамна откри лесен начин преку Интернет да ги отстрани отпечатоците од прсти и дамки од домашните апарати.
Оваа блогерка од Сиднеј, сподели видео на својот TikTok профил во кое покажа како се ослободува од детските отпечатоци од домашните апарати, а трикот ги воодушеви нејзините многубројни следбеници.
“Децата се дома цел ден и ставаат отпечатоци од прсти насекаде? Пробајте го овој трик за да ги исчистите и да ја одржите хигиената!” напиша таа под видеото видеото.
Иако изгледа невообичаено, таа се колне дека се е лесно да се исчисти со пена за бричење и крпа од микрофибер. Се што треба да направите, вели таа, е да ја ставите пената за бричење на крпа и добро да ја истриете додека пената не исчезне целосно, заедно со отпечатоците од прсти и дамки.
Многу корисници беа воодушевени од овој едноставен трик и открија дека едвај чекаа да го испробаат. “Леле! Дефинитивно морам да го испробам овој трик”, коментира еден корисник, додека друг додава: “Каков одличен трик!”
@themodepursuit#cleaninghacks #australia #kitchenhacks #cleantok #fypシ #cleanfreshhype♬ SUNNY DAY – Matteo Rossanese