Едноставни совети да го подготвите детето за училиште

Сподели со своите пријатели

Одењето на училиште е дефинитивно еден од најважните моменти во животот на секој родител и дете.

Loading...

Многу се менува во овој период, така што може да биде стресно за секого, но со овие совети, на родителите и децата ќе им биде полесно да ги поминат првите училишни денови.

 

 

Посетете ги заедно училиштето и училницата пред првиот ден

Во оваа ситуација, ќе биде малку потешко со оглед на протоколите кои нема да дозволуваат влегување на родителите, но ако не успеете да се согласите со наставникот, барем однесете го детето во училишниот двор, запознајте го со тоа како ќе му поминат деновите и што ќе прави на училиште.

Читајте книги за одење на училиште

На овој начин, детето повеќе ќе се релаксира, а земајќи го предвид фактот дека децата се идентификуваат со ликовите од сликовниците, ќе им биде полесно да се стават во таа ситуација.

 

Loading...

 

Разговарајте со детето

Прашајте го како се чувствува по повод поаѓањето на училиште , претставете му ја промената како нешто позитивно (ќе запознае нови другарчиња, ќе научи многу нови работи).

Вежбајте

Подгответе го вашето дете така што ќе го научите неколку дена пред училиште што треба да прави наутро. Се преправате дека е редовен училишен ден и дека треба да направите се по ред – да станете, да се измиете, да се облечете, да појадувате. На тој начин, детето полека ќе се навикне на промената во рутината.

 

 

Ужина

Разговарајте за тоа што детето би сакало да јаде на училиште. Изберете заедно кутија за ужина и намирници од кои ќе правите оброци.

Loading...

Совет плус: покрај закуски, нека донесе неколку слатки што може да им ги понуди на новите пријатели.

Одете заедно на шопинг за училиште

Детето ќе ужива во купување тетратки, боички, кутии со моливи, ранци на училиште и сите други ситници што се потребни. Ако ги користи тетратките што ги избра, детето ќе биде посреќно.