Едноставен трик за најбрзо лупење пиперки

Сподели со своите пријатели

Ако сакате да ги излупите печените пиперки, ставете ги во ќеса и врзете ги. Оставете ги да отстојат некое време, лушпите ќе се разделат сами и ќе се лупи побрзо.

Loading...

Ви носиме и рецепт за ајвар од печени пиперки, без конзерванси.

Состојки:

15 кг пиперка

5 кг модар патлиџан

800 мл масло

4 лажици сол

2 лажици шеќер

Loading...

2 лажици есенција

(прилагодете ја количината според вашите сопствени потреби).

 

 

Подготовка:

Измијте ги пиперките и модриот патлиџан, и печете. Потоа исчистете ги од лушпи, стебленца и семиња и измелете.

Истурете 800 мл масло во шерпата, загрејте и додадете ги пиперките и модриот патлиџан. Додадете сол, шеќер и есенција. Гответе, мешајќи постојано.

Loading...

Истурете топол ајвар во жешки стерилизирани тегли, добро затворете и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете да ја поминете ноќта во рерната.