Сезоната на јагоди е во пол ек, омилено овошје на многумина, па добро е да се знае како да се зачува ова овошје за да не изгние за брзо време.
Според „Readers Digest“, потребна ви е само една состојка што сигурно ја имате дома.
Во една чинија измешајте половина чаша оцет и две и пол чаши вода, а потоа додадете јагоди и оставете да отстојат неколку минути.
Оцетот ќе ги уништи сите бактерии кои предизвикуваат брзо расипување, а потоа истиот нема да го почувствувате.
После тоа, исушете го овошјето темелно. Колку подобро ќе ги исушите, толку подолго ќе траат.
Потоа, јагодите можете да ги чувате во фрижидер, а можете да ги чувате во кутија обложена со фолија, која ќе ја собере целата дополнителна влага.
Овој трик можете да го користите со други бобинки. Со тоа, и капините и малините ќе останат свежи подолго.