Едно лице загина, повеќе од 100 лица се евакуирани поради бурата во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 100 лица се евакуирани по обилните дождови што ја погодија Јужна Кореја, објави денес Министерството за внатрешни работи и безбедност на земјата.

Loading...

Како што е наведено, повеќе од 400 милиметри дожд паднале од среда вечерта во некои делови од регионот Јужен Чунгчеонг, јужно од Сеул, јавува Ројтерс.

Две лица кои беа заробени во свлечиште во покраината Јужен Чунгчеонг беа успешно спасени, објави Јонхап.

Поради продолжувањето на обилните дождови, Корејската шумарска служба ги подигна предупредувањата за свлечишта на највисоко ниво во неколку региони, вклучувајќи го и регионот Чунгчеонг, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Разорен земјотрес ја погоди Алјаска