Денеска едно лице загина, а четворица се повредени во напад на руски беспилотни летала на подрачјето на Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти.
„Едно лице загина, а четири се повредени во непријателски воздушен напад врз регионот на Киев“, изјави Микола Калашник, вршител на должноста гувернер на регионот, Микола Калашник.
Жртвата, возач на камион, била смртно погодена од фрагменти од дрон соборен од украинската противвоздушна одбрана, додава Калашник.
Во другите региони, четири лица беа повредени кога делови од дрон паднаа врз куќа, рече гувернерот.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, Русија во текот на ноќта истрелала вкупно 93 беспилотни летала. Тие изјавија дека биле соборени 60 јуришни беспилотни летала.
Остатоци од дронови паднаа и на некои делови на Киев, нема повредени, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.