Едно лице загина, а шест се ранети утринава во ракетен напад на руските сили врз Николаев, изјави претседателот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.
Како што напиша на својот канал Телеграм, меѓу повредените има и едно дете, пренесува Укринформ.
„Во нападот беа оштетени четири станбени згради и една инфраструктурна зграда“, додаде Ким.

