Рано утринава околу 01.30 часот во Куманово, на ул.,,Доне
Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко
моторно возило „Форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки,
управувано од Б.Д. (26) и патничко моторно возило „Ауди“ со
кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33).
Loading...
Како што информираат од полицијата Б.Д. и И.Ј., како и сопатниците А.С. и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово.
Кај Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје.
Увид извршила екипа на СВР Куманово,а известен е и јавен обвинител.