На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, вчера околу 11:40 часот, З.К.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информираат од полицијата.
Loading...
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(57) од Скопје и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Свети Николе, со возило на Итна медицинска помош, бил префрлен во Медицински центар Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.